

СТУДИИ ВО КАНАДА
Курсеви по англиски во Канада
Курсевите по англиски јазик се идеална опција за идните меѓународни студенти, мигранти или работници кои имаат намера да студираат, живеат и работат во Канада, но не се сигурни во нивните јазични вештини.
Курсевите се нудат на приватните и државните колеџи и универзитети.
Типови на курсеви
-
Основно ниво - Наменети за почетници и оние кои сакаат да ги подобрат своите јазични вештини за секојдневна употреба, патување или работа.
-
Академско ниво - Наменети за оние кои сакаат да студираат на некои од канадските универзитети или колеџи и во овој поглед сакаат да се подготвуваат за своите идни студии.
-
Бизнис ниво - Наменети за оние кои сакаат да ги подобрат своите знаења и нивната способност за комуникација во деловно опкружување.
-
Подготовка за полагање на меѓунаордни тестови - Наменети за студенти кои сакаат да полагаат еден од меѓунаордно признатите тестови по англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски (DALF / DELF).
Во зависност од потребите на студентите, курсевите по англиски или француски јазик можат да траат од четири недели до една година. Многу школи нудат летни и зимски кампови, како и homestay програми (сместување и учење во рамки на канадско семејство), кои се особено популарни кај помладите студенти.
Цена на курсевите
Цената на курсевите зависи од типот и должината на курсот како и од образовната институција. Просечната неделна цена на курсевите се движи од 250КАД до 350КАД.
Услови и предности на посетувањето на јазични курсеви во Канада
-
За упис не постојат одредени услови и не е потребно полагање на меѓународен тест по англиски или француски јазик.
-
За курсевите кои траат до шест месеци потребна е туристичка виза, а за оние над шест месеци студентска виза.
-
Доколку не сте сигурни во своето познавање на англискиот или францускиот јазик или не сте полагале некој од меѓународните тестови за упис на студии, овие курсеви се идеална опција за вас.
-
Динамичката активност на мултикултурна средина ќе ви помогне да го научите јазикот побрзо и подобро отколку на класичните курсеви во вашата земја.
-
Можете да го користите периодот за учење на јазик за да се прилагодите на новиот начин на живот и новата средина, ако подоцна планирате да работите или студирате во Канада.
-
По завршувањето на курсот, можете да ја продолжите студентската виза од Канада и да продолжите со студиите.
Факултети (додипломски студии) во Канада
Основните студии во Канада се нудат на универзитетите, како и на некои приватни и државни колеџи и институти. Канадските универзитети и колеџи нудат над 15,000 различни студиски програми. Во зависност од студиската област, основните студии траат од три до четири години.
Школарина за основни студии
Школарината за основните студии во Канада зависи од студиската програма и одбраната образовна институција. Цените се движат од 15,000КАД до 35,000КАД годишно. Школарините за општествените науки се пониски отколку за студии во областа на инженерството и медицината.
Услови и предности на основните студии во Канада
-
Услов за упис на основни студии е завршено средно образование.
-
Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6 на IELTS тестот или 80 на TOEFL IBT.
-
Главната предност на основните студии е високиот квалитет на образованието.
-
Дипломите и квалификациите кои што ќе ги стекнете се признати секаде во светот.
-
Со студентската виза, вие и вашиот партнер/ка имате право да работите за време на студиите, а по завршувањето на студиите имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада одреден временски период.
-
Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.
Мастер студии во Канада
Мастер студиите се нудат на приватните и државните универзитети во Канада и траат од една до две години.
Школарина за мастер студии
Висината на школарините за мастер студиите во Канада зависат од типот на студиската програма и универзитетот, а се движат од 20,000КАД на годишно ниво.
Услови и предности на мастер студиите во Канада
Услов за упис на мастер студии во Канада, се заврши основни студии.
Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.
Главната предност за посета на магистерски студии во Канада е високиот квалитет на образованието, развојот на критичко размислување и аналитички вештини преку истражувачките проекти и стекнување квалификации признати ширум светот.
Во текот на студиите со студентскат виза, вие и вашиот партнер/ка имате право на работа, а по завршувањето на студиите, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада до две години.
Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.
Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma во Канада
Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се студиски програми кои што се нудат на одредени колеџи и универзитети во Канада.
Graduate Certificate и Diploma може да запишат студенти кои имаат завршено основни студии. Овие студии се сметаат како специјализација по завршувањето на основните студии.
За разлика од Мастер студиите кои се засноваат на истражување и теоретско продлабочување на науката, Postgraduate Certificate и Diploma се професионално ориентирани. Тие се наменети за студенти кои сакаат да го надополнат стекнатото знаење на основните студии или да го прошират на сродни полиња на студии, со цел да го олеснат наоѓањето на работа и професионалното напредување.
Школарина за Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma
Овие програми се разликуваат од институција до институција, пa така и школарината зависи од избраната програма, институцијата и бројот на семестри. Цените на Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma се генерално поповолни од Мастер студиите.
Услови и предности на Graduate и Postgraduate Certificate и Diploma
-
Услов за упис на основни студии се завршени основни студии.
-
Во зависност од провинцијата во која сакате да студирате, потребно е да положите тест по англиски (IELTS, TOEFL, CAE) или француски јазик. Просечната оценка потребна за упис зависи од јазикот, студиската програма и установата. За програмите на англиски јазик, обично е потребна просечна оценка 6.5 на IELTS тестот или 84-88 на TOEFL IBT.
-
Предноста на овие програми е нивната професионална ориентација и обезбедување на специфични професионални вештини, што ќе ви помогне да ја унапредите вашата идна кариера.
-
Овие програми ќе ги завршите побрзо и полесно од Мастер студиите.
-
Чинат помалку од Мастер студиите.
-
Со студентската виза, вие и вашиот партнер/ка имате право да работите за време на студиите, а по завршувањето на студиите имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза која ви овозможува да живеете и да работите во Канада одреден временски период.
-
Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.
Докторски студии во Канада
Докторските студии се највисок степен на образование во Канада и траат најмалку три години. За поединечни студиски програми докторските студии траат и до шест години.
Школарина за докторски студии
Школарината за докторските студии зависи од студиската област и универзитетот, а во просек се движи од 10,000КАД до 20,000КАД на годишно ниво. На University of Toronto меѓународните студенти плаќаат иста цена на студии како и домашните студенти.
Услови и предности на докторските студии во Канада
-
Условите за упис на докторски студии во Канада се завршени мастер студии, положен тест на англиски јазик (IELTS, TOEFL, CAEL) или француски јазик, како и избор на ментор и тема за докторска дисертација.
-
За надарените студенти на додипломски студии, канадските универзитети имаат специјални програми (Non-Terminal Programs) кои се комбинација на мастер и докторски студии.
-
Поради значителните средства што ги инвестира во високото образование, преку стипендии и истражувачки проекти, Канада е земја на одлични можности за идните докторанти, истражувачи и научни работници.
-
Високиот квалитет на образование е загарантиран, а квалификациите се признати ширум светот.
-
Со студентска виза, вие и вашиот партнер/ка имате можност да работите за време на студиите.
-
По завршувањето на студиите, имате можност да аплицирате за Post-Graduation Work виза, што ви овозможува да живеете и да работите во Канада до три години.
-
Работното искуство што ќе го стекнете по завршувањето на студиите може да ви помогне да се квалификувате за постојан престој во Канада.
Студентска виза за Канада
За да студирате во Канада било која студиска програма што трае подолго од шест месеци, потребна ви е студентска виза.
Услови за студентска виза
-
Да сте запишале студии на некоја од канадските образовни институции и да имате Letter of Acceptance
-
За оние кои сакаат да студираат во Квебек потребен е сертификат за прифаќање (Certificat d'acceptation du Québec (CAQ)), кој го издава Министерството за имиграција на Квебек.
-
Да планирате да останете привремено во Канада.
-
Да имате доволно финансиски средства за трошоците на студирање и престој за време на првата година на студирање во Канада.
-
Да исполнувате други услови кои се однесуваат на познавање на јазици, биометриски податоци, здравствена состојба, осигурување и карактер.
Што овозможува студентската виза
Со студентската виза можете да студирате студиска програма на било која канадска образовна институција која се наоѓа на листата на Designated Learning Institution (DLI). Студентската виза ви овозможува да ги додадете своите членови на семејството (партнер/ка и деца), како и да работите и вие и партнерот. Студентот обично добива можност да работи пола работно време, до 20 часа неделно во текот на наставата, а за време на распустите полно работно време. Со одредени опции на студирање партнерот може да аплицира за open work permit и да работи full time.
Времетраење на студентската виза
Студентската виза се издава за времетраење на студиите и важи 90 дена по завршувањето на студиите.
Аплицирање за студентска виза
За студентска виза може да се аплицира онлајн преку сајтот на имиграционата служба на Канада или во најблискиот Visa Application Centre (VAC) кој се наоѓа во повеќето земји.
Такса и време на обработка
Таксата за обработка на апликацијата за студентска виза изнесува 150КАД, а се плаќа додатна такса во износ од 85КАД за биометриски податоци кои се даваат во најблискиот Visa Application Centre (VAC). Просечното време на обработка е околу 5 недели.
Дел од нашите партнер универзитети и колеџи од Канада
Sprott Shaw College
VIC
Alexander College
Algonquin College
Bow Valley College
Cambrian College of Applied Arts and Technology
Canadore College (North Bay)
Canadore College (Toronto)
Conestoga College
Confederation College
Crandall University
Douglas College
EC English
Fanshawe College
Fraser International College
Global Village English Centres - Canada
Great Plains College
Greystone College of Business and Technology Toronto ILSC
Greystone College Vancouver ILSC
Humber College Institute of Technology and Advanced Learning
International College of Manitoba
Keyano College
Kwantlen Polytechnic University
Lakehead University
Langara College
Lethbridge College
Medicine Hat College
Niagara College
Norquest College
North Island College NIC
Northern Lights College
Pacific Language Institute
Red Deer College RDC International
Royal Roads University
Royal Roads University
Royal Roads University (Study Group)
Royal Roads University International Study Centre (Study Group)
Saskatchewan Polytechnic
Sault College
Seneca College
St. Lawrence College of Applied Arts and Technology
Stenberg College
The Centennial College of Applied Arts and Technology
The Sir Sandford Fleming College of Applied Arts and Technology
The University of Regina
Toronto School of Management TSoM
Trent International, Trent University
University Canada West
University of the Fraser Valley
Vancouver Community College VCC
Vancouver Island University
Copyright: Asteria World Work Jan 2018